Во првото коло од Лигата на шампионите, Бенфика во Белград ја совлада Црвена Звезда во Белград со 2:1 и ја оствари првата победа во новата сезона во најелитното европско клупско натпреварување.
Португалците поведоа со голот на Турчинот Керем Актуркоглу во деветтата минута, а победата ја потврдија со голот на неговиот сонародник Оркун Кокчу во 29. минута. Стрелец на единствениот гол за домаќините беше Милсон на четири минути пред крајот.
По мечот изјава даде напаѓачот на Бенфика, Анхел Ди Марија кој се пожали на условите во главниот град на Србија.
„Знаевме дека ќе биде тешко. Не можевме да спиеме поради огнометот во текот на ноќта. Но, одигравме одличен натпревар. Работевме добро. Знаевме дека ќе бидеме под притисок, но сè оди добро”, изјави 36-годишниот Аргентинец, кој беше прогласен за играч на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА