Гвардиола: Арсенал од година во година е се посилен

Пред дербито во Англија помеѓу Манчестер Сити и Арсенал, Пеп Гвардиола истакна дека тимот од Лондон од година во година се повеќе напредува, и дека ќе биде исклучително тешко да се дојде до победа.

Натпреварот се игра на „Етихад“ во недела во 17:30 часот.

„Секоја сезона се посилни. Имаат поголем состав, тие се подбори и подобри од година во година. Сите знаеме дека само се надоградуваат во последните сезони, и ќе биде тешко да се победат“, рече Гвардиола.

 Двата тима во моментов се на врвот на табелата. Сити има 12 бодови, додека Арсенал два бода помалку, исто како и Њукасл.

Се вчитува...