Шокантен предлог на Платини: Фудбалот да се игра со 10 играчи

Поранешниот претседател на УЕФА и трикратен добитник на „Златната топка“ Мишел Платини предложи да се намали бројот на играчи на теренот за да се зголеми просторот за игра на тимовите.

Французинот кажа дека во негово време фудбалот изгледал сосема поинаку од сегашниот.

„Можеби треба да се намали бројот на играчите, и тимовите да играат со 10 играчи. Во 1990 година беа формирани екипи со по 11, но во тоа време трчаа помалку од денеска. Тие беа помалку моќни, побавни. Можеби би била добра идеја да се ограничи бројот на 10, со што ќе се ослободи повеќе простор на теренот“, рече Платини.

Легендарниот Французин беше претседател на УЕФА од 2007 до 2015 година. Во својата кариера играше за Нанси, Сент Етјен и Јувентус, а забележа и 72 настапи за Франција и постигна 41 гол.

Се вчитува...