Илјадници луѓе присуствуваа на погребот на легендарниот италијански фудбалер Салваторе Тото Скилачи, кој почина во средата на 60-годишна возраст, во Палермо.
Погребот се одржа во главната катедрала во Палермо, а Скилачи, кој никогаш не играл за клуб од тој град, е роден и израснат во Палермо, каде по кариерата отвори младинска фудбалска академија. Освен цвеќињата, на ковчегот беа ставени и дресовите на Италија и Палермо, како и шаловите на клубовите за кои настапуваше – Месина, Јувентус и Интер. Кариерата ја заврши во јапонскиот клуб Џубило Ивата во 1999 година.
Во катедралата имало место за илјада луѓе, а уште илјадници го исполниле плоштадот. Толпата го скандираше неговото име и ракоплескаа додека ковчегот беше внесен и подоцна изнесен од катедралата. Меѓу носителите беа неговите двајца браќа и внукот Франческо ди Мариано, кој игра за Палермо и помина низ академијата на неговиот вујко. На погребот присуствуваа бројни поранешни фудбалери и соиграчи, меѓу кои и Џузепе Бергоми, и поранешни и сегашни челници на Италијанската фудбалска федерација. На влезот во катедралата беше поставен венец испратен од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) со порака: „До херојот на Италија во 1990“.
Скилачи беше најдобар стрелец на Светското првенство во 1990 година со шест гола, а во Италија беше прогласен за најдобар играч на тоа првенство. За италијанската репрезентација одигра 16 натпревари и постигна седум гола
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА