Српскиот џудист и дефинитивно суспендиран, но не само поради тоа што се прекрстил

Повеќекратниот европски и светски шампион во џудо, Немања Мајдов неодамна објави дека е суспендиран на пет месеци поради прекрстување на Олимписките игри во Париз. Иако првично се чинеше дека суспензијата е резултат само на таа постапка, ситуацијата е поинаква.

Според соопштението на Меѓународната џудо федерација (ИЏФ), Мајдов е суспендиран поради неколку прекршоци поврзани со прекршување на етичкиот кодекс на организацијата, чија најнова верзија стапи на сила на 27. февруари 2023 година.

Првиот прекршок се однесува на тоа што српскиот џудист при влегувањето на арената отворено покажал религиозен гест и се прекрстил, што е во спротивност со член 3 од споменатиот кодекс кој го регулира однесувањето на спортистите на меѓународните натпревари.

Дополнително, Мајдов наводно одбил да му се поклони на својот ривал по борбата што исто така се смета за прекршување на истиот член од кодексот. Поклонувањето е традиционален џудо гест на почит, кој е составен дел од етиката на овој спорт.

Третиот прекршок што доведе до негова суспензија е поврзан со правилото за облекување, според кое Мајдов го прекршил членот 8, став 6, бидејќи на теренот ја соблекол службената опрема за натпреварување. Оваа постапка се смета за сериозно прекршување на правилата за конкуренција.

Се вчитува...