Преседан: ФИФА донесе одлука, Реал Мадрид директно во финалето на светското клупско првенство

Финалето на Интерконтиненталниот куп, за титулата клупски светски шампион, ќе се игра на стадионот „Лусаил“ во Доха, а пласман во мечот за трофејот директно обезбеди европскиот шампион Реал Мадрид.

Форматот на претходното Светско клупско првенство е променет, па одлучено е Реал Мадрид да го игра финалето, додека цела планета ќе се бори за второто место во финалето.

Натпреварувањето ќе започне на 22 септември, кога ќе се сретнат азискиот и австралискиот шампион Ал Аин и Окленд Сити. Победникот од тој дуел на 29 октомври во Каиро ќе игра против египетскиот Ал Ахли, најдобрата селекција во Африка. Потоа, на 11 декември мексиканската Пачука ќе игра против победникот од Копа Либертадорес што е во тек.

После тоа, четирите најдобри екипи ќе пристигнат во Катар, каде победниците од овие два дуели најпрво ќе играат на 14 декември, а победникот од „малото финале“ четири дена подоцна ќе се бори против Реал Мадрид за пехарот.

Се вчитува...