Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ доби јасен сигнал дека Милан не смета на него до крајот на сезоната, а неговата иднина на Сан Сиро веќе е јасна… Србинот е веќе четврта оција во нападот, што е доволен показател дека ќе дојде до разделба.
Оваа информација ја потврдуваат италијанските медиуми. Иако имал две добри опции за промена на средината во летниот преоден рок, сепак, самиот фудбалер ги одбил.
Веќе не е опција за Милан, и најверојатно уште во јануарскиот преоден рок ќе дојде до разделба. Пред Јовиќ се Алваро Мората, Тејми Ебрахам и Ноа Окафор, па тоа е доволна причина за заминување.
Од Црвена Звезда веќе кројат планови како да го земат во своите редови, но има интерес и од неколку германски клубови. Тој веќе има искуство со играње во Германија, откако настапуваше за Ајнтрахт Франкфурт во два наврати, пред да се пресели во Реал Мадрид, па потоа во Фиорентина па Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА