Швјонтек се повлече од Отвореното првенство на Кина

Светската тенисерка број еден од Полска Ига Швионтек денеска се повлече од Отвореното првенство на Кина во Пекинг, каде требаше да ја одбрани титулата. Швјонтек образложи дека повлекувањето е од „лични причини“.

Швјонтек претходно се повлече и од турнирите во Канада и Јужна Кореја.

„Поради лични причини, принудена сум да се повлечам од Отвореното првенство на Кина во Пекинг. Многу ми е жал, бидејќи имав неверојатно време минатата година и навистина се радував да дојдам повторно. Знам дека навивачите ќе гледаат одличен тенис и јас жалам што нема да бидам повторно таму“, изјави Свјонтек.

Се вчитува...