Балотели: Трансферот во Бреша ми е најголема грешка, во Марсеј ме фати депресија

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели (34) моментално е без клуб и се уште е неизвесно каде ќе ја продолжи кариерата, која беше повеќе од турбулентна во досегашниот тек.

Тој изјави дека сака да се врати во Серија А, но се уште нема понуди, а пропаднаа и неколку трансфери во САД. Откако пропадна договорот со Коринтијанс, но потоа доби „корпа“ од индискиот тим Керала Бласерс.
Балотели кажа во кој клуб му било најтешко во кариерата, и кој трансфер му бил најголема грешка.
„Најголемата грешка ми беше трансферот во Бреша. Решив да дојдам во Бреша поради љубов, но погрешив. Љубовта и работата не треба да се поврзуваат“, рече Балотели и додаде:
„Кога играв во Олимпик Марсеј, имаше моменти на депресија. Ништо не ми одеше, а немаше место за мене и во репрезентацијата“, изјави Балотели.

Се вчитува...