Кристијано Роналдо е свесен дека неговото време минува, исто како што е случајот со Лионел Меси, фудбалери кои владееја со најголемата сцена цели 15 години. Сепак, сега е време за некои нови момци.
Роналдо и Меси освоија комбинирани 13 Златни топки, што доволно говори за тоа колку беа доминантни, но сега и двајцата се во подоцнежните години и некои нови момци ја преземаат сцената.
Во последните години се најавуваше дека Килијан Мбапе ќе биде тој што ќе биде новиот најдобар фудбалер во светот, но во последно време Французинот некако падна во втор план.
Винисиус Јуниор е тој што има најголеми шанси да ја освои Златната топка покрај Џуд Белингем, но на големата сцена оди уште едно голобрадо момче.
Станува збор за Ламине Јамал, чудо од дете на Барселона, за кое дури и големиот Кристијано Роналдо рече дека е подобар од него на 17 години.
„Ниту јас, ниту Меси не можевме да го направиме она што го прави Ламин Јамал на негова возраст. Во него гледам голем потенцијал и голем талент“, изјави Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА