Реал Мадрид подготвува рекордна сума за Флоријан Вирц

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ги назначи следните „галактикоси“, а тоа е – Флоријан Вирц!

Како што пренесуваат германските медиуми, Реал Мадрид повеќе не крие дека го сака, наводно и Флорентино Перез испратил директни сигнали до својата околина дека ќе одат по неговиот потпис следното лето.

Исто така, извори пишуваат дека Реал Мадрид е подготвен да го собори рекордот и да плати дури 150 милиони евра за трансфер на германскиот репрезентативец.

Реал Мадрид со овој трансфер би го соборил рекордот, кој се уште го држи – Еден Азар. Белгиецот пристигна од Челзи за 120 милиони евра, додека доаѓањето на Џуд Белингем чинеше 113 милиони.

Се вчитува...