Екипата на Реал Сосиедад остана со само една победа во првите седум кола од шпанскиот шампионат, и без победа во последните пет кола откако денеска на гостувњето кај Ваљадолид одигра само без голови.
Она од кое стравуваат фановите на тимот од Сан Себастијан е немање на игра на тимот, откако загуби неколку клучни фудбалери во летниот преоден рок како Ле Норман, Мерино… На овој меч гостите направија само една голема шанса, а на крајот можеа да останат и со празни раце, откако и Ваљадолид еднаш сериозно се закани.
Сега Сосиедад е на четвртата позиција одоздола со пет бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА