Хорор повреда на Малиновски, Џенова го загуби и мечот со Венеција (ФОТО+ВИДЕО)

Венеција со 2-0 ја совлада екипата на Џенова, и така дојде до првата победа по враќањето во Серија „А“. Екипата од истоимениот град дојде до победата во вториот дел. Натпреварот ќе остане во сенка на тешката повреда на Руслан Малиновски, кој заработи скршеница и го чека подолга пауза.

Бусио во 63. минута донесе предност за домашниот тим, а финскиот интернационалец Пхјалнапло во 85 минута и дефинитивно ја обезбеди победата.

Домашниот тим имаше повеќе од играта, повеќе шанси и заслужено славеше, првпат после четири кола во кои имаше едно реми и три порази.

Се вчитува...