Струга во третата рунда стигна до првото коло од Супер-лигата откако на домашен терен триумфираше над Пролет со резултат 34-29. Гостите од Скопје ја имаа улогата на благи фаворити, но стружани одиграа одличен меч во кој покажаа поголема желба од противникот и на крајот заслужено се радуваа на победата.
Дуелот беше израмнет само во првите дваесетина минути. Гостите од Скопје имаа водство од 7-9, резултат при кој не реализираа и пенал, по што следеше голем камбек на Струга. Домашните ракометари целосно ја презедоа контролата, до крајот на полувремето поведоа со 15-12, а потоа на стартот од вториот дел стигнаа и до 20-14. Пролет предвреме капитулираше, па Јовиќ немоќно гледаше кога неговиот тим стигна до девет гола негатива (27-18) пред даго побара последниот тајмаут. Струга дојде и до „плус десет“ (29-19), пред Пролет до крајот само да го ублажи поразот.
Мијушковиќ со 13 погодоци беше главна фигура на мечот, Пајкоски постигна седум погодоци за Струга, додека кај Пролет најефикасен во ова бледо издание беше Бахар со шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА