Нов, катастрофален пораз на Динамо Загреб. После историски највисокиот пораз во Минхен во Лигата на шампионите од 9-2, вечерва Динамо загуби од најслабиот тим во првенството, Славен Белупо со убедливи 4-1.
Неверојатниот пораз за Ристовски и Адеми го заокружи Илија Несторовски кој стрелаше во 77 минута, и така го постигна својот прв гол во првенството на Хрватска после „кам-бекот“ во шампионатот на оваа земја. Инаку Несторовски беше стрелец и во Купот.
Динамо и натаму бара тренер, а овој пораз е трет по ред за само седум дена за „модрите“, нешто што одамна им се нема случено. Претходно загубија и од Хајдук на домашен терен.
Ристовски влезе во игра на полувремето кога беше 1-1, Несторовски поради повреда излезе во 83 минута од средбата. Адеми го немаше на овој натпревар.
SLAVEN BELUPO HAVE SCORED 4 GOALS PAST DINAMO!
First goal from Ilija Nestorovski since returning to the HNL!#HNL #SLBDZGpic.twitter.com/JOpCpOYiIG
— Croatian Football (@CroatiaFooty) September 21, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА