Ништо ново од Јувентус: Ново реми без голови, овојпат против Наполи

Јувентус и петтиот меч во Серија „А“ го заврши без примен гол, но трет меч како не може да постигне гол, па одигра вечерва на свој терен без голови со Наполи. После двете победи по ред на стартот од сезоната, Јувентус трет пат игра со истиот резултат во Серија „А“.

Позадоволен од ова реми може да биде дефинитивно Наполи, меѓутоа и гостите имаа шанси да го изненадат тимот од Торино, но не реализираа. Поседот на топката беше кај Јуве, но сето тоа залудно, затоа што нивните напаѓачи и трет меч по ред во Серија „А“ не го наоаѓаат патот до мрежата.

Оваа игра и резултатот придонесе за свирежи на навивачите на Јувентус на крајот, кои не се задоволни од оваа игра на нивниот тим во која играат без голови.

Се вчитува...