Голманите во главна улога, па никој не победи на мечот Кристал Палас – Манчестер Ј.

Кристал Палас и Манчестер Јунајтед одиграа без голови во меѓусебниот натпревар, благодарение на двајцата голмани Дин Хендерсон и Андре Онана, кои блескаа на головите на своите екипи.

Двата тима имаа по четири големи шанси, но не ги искористија и имаат за што да жалат. Јунајтед беше подобар ривал во првиот дел, додека во финишот од средбата Палас имаше прилики да дојде до победата, но не го најде патот до мрежата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...