Спектакуларно дерби на „Ла Бонбонера“, но домашните навивачи на Бока се во тага, откако Ривер славеше на теренот на противникот со 0-1.
Ланцини во 20. минута го замолкна целиот стадион, откако донесе предност за Ривер, а потоа ќе се покаже дека тоа е единствениот гол.
Двата тима имаа многу шанси, а во миговите кога Ривер во финишот пропушти да замине на 0-2, Бока постигна гол за израмнување.
Меѓутоа залудно се „тресеше“ Ла Бонбонера кога голот беше поништен поради игра со рака, па така победата ја однесе Ривер на големо разочарување на домашните навивачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА