Навивачите на Панатинаикос и Партизан со нетрпение ја очекуваа пресметката на грчкиот и српскиот гигант под отворено небо.
Античкиот стадион „Панатенаико“, каде што се одржаа првите Олимписки игри, беше домаќин на натпреварот кој без сомнение веќе ја одбележа сезоната. Иако беше пријателски натпревар како дел од турнирот „Павлос Јанакопулос“, но тешко е да се замисли вакво нешто да се повтори.
На крајот славеше Партизан со 75-64, и така го урна европскиот првак пред околу 35.000 гледачи на античкиот стадион.
Нан кај Панатинаикос со 16 поени беше најефикасен, а Вошингтон со 13 кај Партизан.
An UNBELIEVABLE pre-season tournament in Athens 🇬🇷 pic.twitter.com/oNEuJuM8IO
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) September 21, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА