Австралискиот кошаркар Бен Симонс, беше првиот пик на НБА драфтот во 2016 година кога пристигна од ЛСУ. Тој требаше да биде спасител на Филаделфија, дури и ја започна кариерата на импресивен начин и потоа следуваа серија повреди, па технички од 2021 година како да не сме го ни виделе Бен Симонс на теренот.
Го мачеа грбот, колената и стапалата, а неодамна неговиот агент изјави дека тој е виновен што не му помогнал и нашол адекватни лекари да ги санираат тие повреди и затоа Бен постојано бил повреден.
Како што пренесуваат американските медиуми, Симонс конечно е подготвен за кошарка и за прв пат по долго време ќе тренира без никакви ограничувања. Минатата сезона Симонс настапи на само 15 натпревари во дресот на Бруклин Нетс, а сега се очекува да биде многу попродуктивен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА