Анчелоти: Одигравме многу подобро

Тренерот на актуелниот шпански и европски шампион Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека е задоволен од тоа како играчите го одиграле натпреварот против Еспањол.

Фудбалерите на Реал Мадрид во саботата го победија Еспањол со 4-1, во натпреварот од шестото коло од шпанската лига, иако од 54. минута губеа со 0-1.

„Почнавме добро и добро реагиравме по 0-1. Игравме подобро од другите натпревари, со повеќе ритам и создадени повеќе можности, среќен сум за победата и се надевам дека ќе продолжиме во овој ритам“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...