Бастијанини во луда трка го совлада Мартин, Бањаја е трагичар на Мизано

Дукати стигна до својата јубилејна 100 победа во Мото ГП шампионатот, откако денеска на трката за големата награда на Сан Марино која се возеше на патеката Мизано, славеше Италијанецот, Енеа Бастијанини.

Во една неверојатна трка Бастијанини стигна до победата откако во последниот круг успеа да го мине Шпанецот, Хорхе Мартин на Прамак. Сепак, Мартин мора да биде задоволен и со второто место бидејќи ја зголеми предноста во генералниот пласман откако на пет круга до крајот актуелниот шампион Франческо Бањаја имаше пад по кој не ја заврши трката.

Сето тоа го искористи легендарниот Марк Маркез кој на Гресини успеа да стигне до третото место.

Се вчитува...