Фудбалскиот репрезентативец на Македонија Лирим Ќамили продолжува со одличните партии во дресот на данскиот прволигаш, Сондерјиске. Тој денеска беше стрелец за својот тим во победата над Велје (2-1).
Ќамили донесе водство за домаќините од 1-0 уште во 27. минута од мечот. Гостите успеаја да израмнат преку Н’Бакото во 74. минута, додека конечните 2-1 беа дело на Дал Хенде во 97. минута.
Во почетниот состав на домаќините беше и Сефер Емини, додека третиот Македонец во тимот, Иван Николов остана на клупата за резерви.
⚽️GOAL! Lirim Qamili | Sønderjyske 1-0 Vejle pic.twitter.com/duI8ZgAnTK
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 22, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА