ВМФЛ: Лавовите ремизираа со Каменица САСА и Брегалница не успеа да победи

Македонија Ѓорче Петров ремизираше 1-1 на домашен терен против Каменица Саса во натпревар од 4. коло во Втората македонска фудбалска лига. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Славков во 36. минута, додека конечните 1-1 беа дело на Таневски во 55. минута.

Брегалница исто така за првпат остана без победа во новата сезона во ПМФЛ откако на домашен терен одигра 1-1 против Осогово. Целата ситуација ја искористија Арсими и Кожуф. Гевгеличани славеа на домашен терен против Вардар Неготино со 3-2, додека Арсими дома го победи Новаци со 1-0 со голот на Шефит Шефити и се приклучи кон врвот.

ВМФЛ 4. КОЛО: 

АРСИМИ – НОВАЦИ 1-0

БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА 1-1

БОРЕЦ – ВАРДАРСКИ 3-1

БРЕГАЛНИЦА – ОСОГОВО 1-1

ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – СКОПЈЕ 1-0

КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – ВАРДАР НЕГОТИНО 3-2

МАКЕДОНИЈА ЃП – КАМЕНИЦА САСА 1-1

ОХРИД – БАШКИМИ 0-1

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...