Фудбалерите на Арсенал пропуштија да стигнат до голема победа во дербито на 5. коло на англиската Премиер-лига откако на крајот само ремизираа 2-2 на гостувањето кај Манчестер сити.
Сити поведе со 1-0 со голот на Ерлинг Халанд во 9. минута. Гостите израмнија на 1-1 преку Калафиори во 22. минута, додека целосен пресврт донесе Габриел во првата минута од судиското продолжение.
До крајот на првото полувреме Тросард можеби и премногу лесно доби втор жолт картон по што мораше да го напушти теренот.
Manchester City 1 – [2] Arsenal – Gabriel Magalhaes 45+1'
byu/diogovin insoccer
Во второто полувреме „граѓаните“ напаѓаа со сите сили, но храбриот Арсенал успеа да се одбрани се до 98. минута кога Џон Стоунс успеа да постигне гол за 2-2 и да го спаси својот тим од пораз.
JOHN STONES EQUALIZER MAN CITY ARE LEVEL 2-2 pic.twitter.com/LGwhLNp1HG
— Jacky (@MCFC_Jacky) September 22, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА