Шок на стартот на АБА: Дубаи ја шокираше Црвена звезда

Неверојатен старт има кошаркарската АБА лига, откако дебитантот во регионалното друштво, новиот и богат тим на Дубаи славеше над актуелниот шампион Црвена звезда со 86-84.

Домаќините уште од самиот старт тргнаа многу подобро, па веќе по десет минути имаа двоцифрена предност од 28-16. Тимот на Дубаи до крајот успеа да ја задржи предноста и да стигне до конечен триумф од 86-84.

Нејт Мејсон со 18 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Никола Калиниќ постигна 16 поени.

Се вчитува...