Фудбалерите на Барселона одиграа нов неверојатен натпревар под палката над Ханси Флик откако успеаја да слават на гостувањето кај Вилјареал со 1-5 во меч од 6. коло во шпанската Ла лига.
Во 8. минута домаќините постигнаа гол преку Пино, но тој по консултација со ВАР беше поништен. Ова беше само прв од трите поништени гола за домаќинот. Истото поради офсајд се случи и во 50. минута при голот на Пепе, како и 68. при голот на Бери. Голови за Каталонците постигнаа Левандовски и Рафиња на двапати како и Пабло Торе. Полјакот можеше да постигне и хет-трик, но не успеа да реализира пенал во 58. минута.
Единствен проблем за Барселона на овој меч претставува повредата на голманот Марк Андре тер Штеген кој поради болги во коленото мораше да го напушти мечот во судиското надополнување од првото полувреме.
Villarreal 1 – [5] Barcelona – Raphinha 83'
byu/CivillyWalk757 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА