Крај на европската авантура за Тиквеш

Ракометарите на македонскиот суперлигаш Тиквеш не успеаја да ја минат првата пречка во ЕХФ купот откако по поразот од Драма во Грција пред една недела од 27-31, вечерва на домашен терен одиграа само нерешено 26-26.

Натпреварот почна израмнето па во ниту еден момент ниту еден од двата тима не успеа да замине на повисока разлика од еден гол. Први успеаја да се одлепат гостите во последната третина од првите триесет минути кога поведоа со 8-10. До крајот на полувремето Тиквеш успеа да се врати и да израмни на 12-12, а откако Драма го реализираше последниот напад, на пауза замина со минимална предност од 12-13.

Слично се движеше резултатот и до средината на вториот дел кога домаќините конечно заиграа подобро и за првпат успеаја да стигнат до толку посакуваните плус четири (21-17). Сепак, тоа беше се што успеаја да направат кавадарчани бидејќи до крајот гостите одиграа одлично и стигнаа до реми 26-26.

Maртин Димовски со седум гола беше прво име во таборот на македонскиот клуб, додека кај Драма Коционис постигна осум гола.

Се вчитува...