Фудбалерите на Ред Бул Лајпциг втор меч во низа останаа без „муниција“ во домашниот шампионат. По ремито без голови против Унион Берлин на домашен терен, вечерва тие одиграа 0-0 и на гостувањето кај Сент Паули во последниот меч од 4. рунда во Бундеслигата.
Покрај тоа што не го загрозија голот на противникот, фудбалерите на Лајпциг треба да бидат и среќни поради ремито бидејќи домаќинот беше далеку подобар противник, но не успеа да ги искористи своите шанси.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и овој меч за Лајцпиг го мина на клупата за резерви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА