Фудбалерите на Арсенал пропуштија да стигнат до голема победа во дербито на 5. коло на англиската Премиер-лига откако на крајот само ремизираа 2-2 на гостувањето кај Манчестер сити.
Во второто полувреме „граѓаните“ напаѓаа со сите сили, но храбриот Арсенал успеа да се одбрани се до 98. минута кога Џон Стоунс успеа да постигне гол за 2-2 и да го спаси својот тим од пораз.
Сепак, главна тема по мечот во англиските медиуми не е голот на Стоунс, туку потегот на Ерлинг Халанд, Тој ја зема топката од голот на Арсенал и со неа го погоди во главата Габриел.
Haaland 🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣 pic.twitter.com/nFu6xssVmL
— MikeOfPompey (@MikeOfPompey) September 22, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА