Барселона се соочува со огромен проблем по тешката повреда на Марк Андре Тер Штеген, по која германскиот голман најверојатно ќе паузира до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
Пења доби шанса како негова замена по повредата, но покажа несигурност, па јасно е дека каталонците ќе сторат се за да доведат што поквалитетна замена што би помогнала во остварувањето на високите цели. Проблем е што преодниот рок ќе биде отворен дури во јануари 2025, но Барса би можела да доведе нов голман и претходно, под услов тој да е слободен играч што може надвор од предвидените рокови да потпише за нов клуб.
Изборот не е преголем, а во очи паѓа едно име – долгогодишниот голман на Реал Мадрид, Кејлор Навас. Костариканецот има 37 години, во последните неколку сезони ја грееше клупата на ПСЖ, а истекот на договорот со „светците“ се уште е без ангажман. Навас чекаше вистинска понуда ставајќи до знаење дека не сака да се пензионира, па останува да се види дали Лапорта и Флик ќе тргнат во офанзива за неговиот потпис.
Кајлор Навас настапуваше за Реал Мадрид во периодот од 2014 до 2019 година, период во кој со „кралевите“ стигна до три титули во ЛШ и една во Примера дивизион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА