Ужасните бројки на Каи Хаверц: Вака слаб меч нема одиграно никој во историјата на Премиер-лигата

Арсенал ремизираше 2-2 на гостувањето против Манчестер Сити, дуел на кој Микел Артета повторно му даде апсолутна доверба на Каи Хаверц, но германскиот репрезентативец имаше катастрофални бројки, најлоши во историјата откако почна да се применува детална индивидуална статистика во Премиер-лигата.

Имено, Хаверц стана прв фудбалер во историјата што минал 90 минути на теренот, а во тој период немал ниту едно успешно додавање кон некој соиграч. Германскиот офанзивец пет пати се обидел да проигра друг фудбалер на Арсенал, но ниту еднаш не беше успешен во својата намера.

Тој вчера беше тотално надвор од ритам, загуби седум дуели на земја (најмногу на мечот), од четирите воздушни дуели ниту еден не заврши како победник, а имаше и два неуспешни обиди за дриблинг.

Се вчитува...