Голманот на Барселона, Марк Анде Тер Штеген го очекува долга пауза од терените по повредата што ја заработи на вчерашниот дуел со Вилјареал, кога без контакт со противнички играч остана во агонија да лежи на теренот.
Веднаш беше јасно дека проблемот е многу сериозно, утрово во Барселона врз него беа извршени детални лекарски прегледи, што за жал само ги потврдија најцрните прогнози за каталонскиот гигант.
Имено, германскиот голман има целосна руптура на тетивата во десното колено, поради што во следните 24 часа ќе следи хируршки зафат. Тер Штеген ќе мора целосно да мирува во следните седум-осум месеци, што практично значи дека оваа сезона прерано заврши за одличниот чувар на мрежата.
Каталонците речиси сигурно ќе ангажираат нов голман, проблем е што до јануари можат да доведат само играчи кои моментно се без клуб, па затоа прва желба во моментов им е поранешниот чувар на мрежата на Реал Мадрид, Кејлор Навас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА