Никола Илиевски – Џиџи поднесе оставка од тренерското место во Охрид

Никола Илиевски – Џиџи повеќе не е тренер на Охрид. Искусниот стратег го водеше тимот во новата сезона, но после поразот од Башкими, се одлучи да поднесе оставка која беше прифатена до страна на раководството на Охрид.

Охриѓани му посакаа се најдоб ро во понатамошната кариера.

„После вчерашниот натпревар против екипата на Башкими доскорашниот тренер Никола Илиевски – Џиџи си поднесе оставка која што беше прифатена од раководството на ГФК Охрид. Му се заблагодаруваме за напорната работа и досегашната соработка, среќно во понатамошната кариера.“, се вели во соопштението на Охрид.

Охрид после четири одиграни кола е последнопласиран тим на табелата со само еден освоен бод.

Се вчитува...