Грем Потер пред камбек во Премиерлигата?

Англискиот тренер кој се прослави во Брајтон, но доживеа дебакл со Челси, Грем Потер по година и пол надвор од терените е подготвен за камбек во Премиерлигата, пренесуваат англиските медиуми.

Тој е блиску до превземање на уште еден тим од најелитниот ранг на англискиот фудбал, Евертон, каде тренерот Шон Дајч се наоѓа пред отказ поради лошиот старт на сезоната.

„Карамелите“ се на делба на последното место на табелата, без победа, со едно реми и четири порази. Евертон ја има на најлошата гол-разлика со само пет постигнати и 14 примени голови па пресудно за промена на Дајч ќе биде евентуален неуспех во шесттото коло и натпреварот против Кристал Палас.

Се вчитува...