Поранешниот голман на Барселона, Чилеанецот Клаудио Браво ја докажа љубовта кон каталонскиот клуб со изјава дека е подготвен и да се врати од пензија доколку раководството на клубот сака тој да биде замената за повредениот Андре Тер Штеген.
Германскиот голман доживеа тешка повреда на натпреварот против Вилјареал и за него сезоната е завршена, а тоа претставува голем проблем за Барселона која нема адекватна замена.
„Ако Барселона ме повика, подготвен сум да се вратам од пензија и да застанам на голот“, вели Браво.
Браво кој бранеше за Барселона од 2014 до 2016 година и настапи на 70 натпревари ова лето замина во пензија на 41-годишна возраст. Последните четири години бранеше за Бетис, а претходно и за Манчестер Сити, Реал Сосиедад и Коло-коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА