Менди останува во Реал Мадрид до 2027 година

Францускиот фудбалер Ферлан Менди и во следните три години ќе го носи дресот на Реал Мадрид откако потпиша продолжување на соработката со славниот клуб, потврди тренерот Карло Анчелоти.

Менди е клучен фудбалер во одбраната на Реал Марид па италијанскиот тренер не го крише задоволството што ќе смета на неговите услуги и во предизвиците кои следат.

 „Се е потпишано, да. Многу сме среќни со Менди“, изјави Карло Анчелоти.

Се вчитува...