И покрај тоа што важеше за апсолутен фаворит, Реал Мадрид остана без првиот посакуван трофеј во сезоната откако беше поразен во финалето на Суперкупот на Шпанија од страна на Уникаха Малага.
По натпреварот за медиумтие говореше тренерот Чус Матео кој се пожали на кратката ротација. Имено, по заминувањето на Гершон Јабуселе во НБА лигата, мадридскиот клуб не ја пополни празнината на оваа позиција, што според Матео е проблем за долгата сезона.
„Потребни ни се повеќе играчи за брутална физичка сезоната во која ќе одиграме 90 натпревари. Мора да видиме каде се кратки во ротацијата и да се засилиме. Но, нема да брзаме“, вели шпанскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА