Како се променија работите: Ферстапен сега е задоволен со второ место

Возачот на Ред Бул и воедно лидерот на табелата во Формула 1 шампионатот се врати на пиедесталот откако Големата награда на Сингапур ја заврши на втората позиција, зад Ландо Норис, најголемиот ривал за шампионската титула.

Холанѓанецот кој доминираше на стартот на сезоната како и изминатите години, овој пат се задоволи со позицијата број два.

„Знаевме дека ќе се соочиме со тешкотии овој викенд. Второто место е добро достигнување. Секако дека сме незадоволни од него. Сега треба да го подобриме нашето темпо. Тоа е она што ќе се обидеме да го направиме“, изјави Ферстапен.

Се вчитува...