Флик презадоволен: Ова е вистинската Барселона

Барселона се наоѓа во фантастична форма на стартот на новата сезона. Под водство на Ханси Флик, каталонците забележаа шест победи во Ла Лига и тоа на доминантен начин, постигнувајќи 22 погодоци, што е за девет повеќе од големиот ривал Реал Мадрид.

Пет од нив дојдоа на последниот натпревар против Вилјареал па германскиот стратег не го криеше задоволството од новиот убедлив настап на неговиот тим.

„Играме како тим, играчите играат еден за друг и ова е важно. Навистина ми се допаѓа нашиот однос, фокусирани сме на фудбалот и го правиме она што треба да се направи. И ние уживаме во нашата работа“, вели Флик.

Се вчитува...