„Роналдо не знае да игра фудбал“

Додека во светот најчесто се води дебата кој е најдобар фудбалер на сите времиња, Кристијано Роналдо или Лионел Меси, поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано не само што не го дели овој став, упрати жестока критика кон португалскиот.

Касано кој своевремено важеше за еден од најдобрите напаѓачи настапувајќи за Рома, Милан, Интер и Реал Мадрид меѓу останатите клубови вели дека Роналдо не знае да игра фудбал.

„Роналдо не знае да игра фудбал. Може да постигне и три илјади голови, но за мене тоа не е мерка. Игуаин, Левандовски, Агуеро, Бензема, Ибрахимовиќ и Суарез знаеја како да ја поврзат играта на својот тим. За разлика од нив Кристијано го интересира само да постигне гол и ништо друго“, вели Касано.

Се вчитува...