Атлетико Мадрид без Азпиликуета на градското дерби со Реал

Атлетико Мадрид ќе мора да настапи без Цезар Азпиликуета на градското дерби против Реал Мадрид. Искусниот бек заработи повреда на натпреварот против Рајо Валекано и мораше да го напушти теренот на полувреме.

Засега е непознат степенот на повредата на 35-годишникот, но претпоставките се дека ќе мирува најмалку две недели.

Пред Атлетико Мадрид е гостување кај Селта Виго следниот четврток, а три дена подоцна и градското дерби против ривалот Реал Мадрид.

Се вчитува...