Федерер ќе се врати од пензија за прошталниот меч на Рафа Надал!

Роџер Федерер би можел повторно да излезе од тениската пензија, барем на еден ден.

Агентот на славниот Швајцарец, Тони Годсик,  најави дека Роџер сигурно ќе се согласи да биде дел од егзибициски меч против Рафаел Надал во кој Шпанецот би се збогувал од тенисот.

„Мислам дека нема дилема околу тоа. Роџер и Рафа сакаат да работат заедно и тоа би било одлична приказна“, изјави Годсик.

Федерер и Надал веќе одиграа неколку егзибициски натпревари. Во 2020 година, тие се натпреваруваа во Јужноафриканската Република, а беа дел и од спектаклот на терен половина на земја, половина на трева во Мајорка. Федерер и Надал беа големи ривали во текот на нивните кариери. Одиграа 40 натпревари, а меѓусебниот резултат е 24-16 за Надал.

Се вчитува...