Ливерпул и Јунајтед во битка за потписот на дефанзивецот на Фулам

Ливерпул и Манчестер Јунајтед се во трка за ангажирање на левиот бек на Фулам, Антоне Робинсон, пренесуваат бритнаските медиуми.

Репрезентативецот на САД потпиша за нешто помалку од 2 милиони фунти во 2020 година и сега го привлекува интересот на другите клубови во Премиерлигата по неговите одлични  настапи во „Крејвен Котиџ“.

Робинсон игра на левата бековска позиција, дел од тимот за кој Тен Хаг се уште нема достојна замена за Лук Шо кој повеќе е повреден отколку што игра. Енди Робертсон полека, но сигурно веќе влегува во четвртата деценија, па Слот веќе размислува за негова замена.

Се вчитува...