Арнолд: Сакам да бидам капитен на Ливерпул, но каде ќе бидам следната сезона…

Трент Александар-Арнолд вели дека можноста да освојува трофеи ќе биде клучен фактор кога ќе донесе одлука за неговата иднина во Ливерпул.

На Александар-Арнолд му истекува договорот на лето, заедно со капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк и Мохамед Салах. 25-годишниот дефанзивец вели дека се уште не е сигурен каде ќе ја продолжи кариерата.

„Отсекогаш сум велел дека сакам да бидам капитен на клубот. Тоа е моја цел, без разлика дали тоа ќе се случи бидејќи е надвор од моите раце. Сакам да бидам играч на Ливерпул оваа сезона и тоа е она што ќе го кажам во моментов“, изјави Арнолд.

Се вчитува...