Фудбалерите на Црвена звезда убедливо го совладаа Партизан во 174. вечно дерби одиграно на стадионот во Хумска со резултат 0-4.
Генералниот директор на Црвена звезда – Звездан Терзиќ ја искористи победата дополнително да го „пецне“ големиот ривал.
„Голема победа за Црвена звезда. Ова е најубедливата победа во 80-годишната историја на вечните дербија на стадионот на Партизан. Ова е играта и резултатот што го чекавме. Реално ја отсликува разликата во класа помеѓу Звезда и Партизан во секоја смисла. Секоја чест за момците и стручниот штаб. На средбата со играчите им кажав дека имаат премија не само за победата туку за секој гол разлика посебно. Сакав убедлива победа, бидејќи тоа го можеме, ни припаѓа. Исто така, им должиме голема благодарност на нашите фанови за поддршката. Покажавме дека долгогодишната работа се исплати на најдобар можен начин. Потврдивме дека имаме голем квалитет, кој само ќе дојде до израз во наредниот период. Сите можат да се гордеат со спектакуларната победа во вечното дерби и триумфот кој ги израдува сите навивачи на нашиот клуб. Да продолжиме понатаму уште посилно и уште подобро“, истакна Ѕвездан Терзиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА