Винициус Жуниор ќе ја освои „Златната топка“!

Се ближи доделувањето на Златната топка за сезоната 2023/24. Има неколку сериозни кандидати, но шпанска Марка ексклузивно пренесува дека најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот ќе заврши во рацете на асот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор.

Угледниот шпански весник на насловната страница објави слика од Винициус со „Златната топка“ и дека само чекаат да биде официјализирана одлуката. Според тие изјави, Бразилецот треба да го наследи Лионел Меси на гала церемонијата на 28. октомври.

Според обложувалниците, Винициус е најдобро котира, а негови главни конкуренти се соиграчите од Реал, Џуд Белингем, Килијан Мбапе, Дани Карвахал и ѕвездата на Манчестер Сити, Родри.

Се вчитува...