Германија остана без голман. Откако Мануел Нојер најави пензионирање од дресот на Германија, прва опција беше Марк-Андре тер Штеген. Но, германскиот голман потешко се повреди и ќе паузира осум месеци. Со тоа Јулијан Нагелсман се соочува со проблеми со голманската позиција, со оглед на фактот дека и моментално вториот голман е повреден.
Имаше најави дека можеби Нојер ќе го одложи своето пензионирање и ќе се врати на голот на Германија, но според извори блиски до голманот, тој нема намера да ја смени својата одлука.
Тоа значи дека во Лигата на Нации стартер да е Александер Нибел од Штутгарт, кој, конечно ја добива шансата, откако испадна од комбинација за ЕВРО 2024.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА