Осимен од следната сезона во дресот на Јувентус?

Јувентус ќе се обиде да го ангажира напаѓачот Виктор Осимен, доколку Душан Влаховиќ драстично не ги подобри перформансите до крајот на сезоната. Србинот имаше лош настап на последните три меча во Серија „А“, откако тој и неговиот тим не постигнаа ниту еден гол.

Ова сигурно ги загрижува и челниците на „Старата дама“, кои дури размислуваат и во јануарскиот преоден рок да донесат напаѓач кој ќе биде конкуренција на „деветката“ на Јувентус.

Јуве го има и Аркадиуш Милик кој има повреда на коленото и не е познато кога ќе се врати на терените.

Се вчитува...