Најстариот од четирите сина на Зинедин Зидан, 29-годишниот Енцо , ја заврши својата фудбалска кариера. Енцо е роден во 1995 година во Бордо, а фудбалот почнал да тренира во Јувентус на петгодишна возраст, кога неговиот татко играше за тимот од Торино.
Кога целото семејство се преселило во Шпанија, Енцо завршил во младинската академија на Реал Мадрид, каде што поминал цела деценија, подоцна играјќи за вториот тим на Кралскиот клуб, а потоа и за Алавес и швајцарскиот Лозана-Спорт.
Во изминатите неколку години го носеше дресот на неколку шпански нисколигаши, а последен клуб му беше третолигашот Фуенлабрада. Не го наследил талентот на својот татко, ниту блиску, а сега одлучил да заврши со професионално играње.
Како што пишува AS , Енцо изјавил дека ќе се посвети на семејството и на инвестицискиот бизнис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА